Top Sport

Алегри за поразот на Јуве: Фудбалот не е „Плејстејшн“

Тренерот на Јувентус, Макс Алегри инсистира дека „фудбалот не е ’Плејстејшн’“, по критиките за неговата тактика и играта на шампионите во последните мечеви.

Јувентус загубија со убедливи 3:0 од Аталанта во Копа Италија, во изненадувачки прв домашен пораз на досега моќниот тим, но време за пауза нема, бидејќи веќе во сабота во 19.30 часот ги чека меч со Парма.

„Нема да правиме драми од ситуацијата. Загубивме еден натпревар, и тоа убедливо. Со Аталанта и со Лацио имавме исти перформанси, но во Рим бевме подобри бидејќи не губевме 2:0, додека во Бергамо оставивме работите да се развиваат погрешно. Има моменти кога нема да оди како што треба и треба да бидеме искрени. Има критики, но нема тоа да влијае на нашата игра. Јувентус има седум титули последните седум години и двапати беше во финалето на ЛШ последните четири сезони. Но, фудбалот не е ’Плејстешјн“. Мораме да се обидуваме да победиме, а потребна ни е вештина и среќа. Не ни е гарантирано ништо бидејќи дојде Кристијано Роналдо. Ние работиме, но и другите работат. Затоа трофеите се нешто посебно, а не вообичаено“, вели Алегри.

Фото: ЕПА

Scroll to Top