Top Sport

Ентони Џошуа не може да најде достоен противник

Кам-бекот во рингот на светскиот шампион во тешка категорија, Ентони Џошуа во април на „Вембли“ најверојатно ќе биде откажан откако не успеа да се најде противник, признава промотерот на Британецот, Еди Херн.

29-годишниот Џошуа имаше закажано меч на „Вембли“ во Лондон на 13 април, но Херн откри дека нема достоен противник за тој датум, така што за следниот меч ќе се почека некој месец. Во игра беа Британецот Дилијан Вајт и Американецот Џерел Милер.

„Главната работа е што 13 април е нереален датум. Мислам дека Дилијан сака повеќе време, така што ќе треба да го преместиме мечот за мај или јуни. Но, Џерел Милер би можел во ’Медисон сквер гарден’ во јуни“, вели Херн.

Scroll to Top