Top Sport

Алегри: Засилувања во јануари нема да го решат проблемот на Јуве

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри тврди дека можните засилувања во јануарскиот преоден рок нема да ги решат проблемите на „старата дама“, која во моментов, пред гостувањето кај Болоња, е на седмото место на табелата со дури осум поени од место кое води во Лигата на шампионите.

„Мораме да работиме, среќен сум со изборот да се вратам во клубот. Потребно ни е време бидејќи имаме млад тим со фудбалери кои не се навикнати да победуваат. Жалам што немаме поени колку што заслужуваме, бидејќи освоивме само два поени од можни 15 против клубови како Верона, Удинезе, Сасуоло, Емполи и Венеција, со целосна почит кон нив. Нема смисла да се зборува за трансфери, бидејќи во јануари нема да се решат нашите проблеми. Мора да работиме со фудбалерите кои ги имаме, кои имаат доволен квалитет“, вели Алегри.

Scroll to Top