Top Sport

Алехандро Галвес ќе игра за Црвена ѕвезда

Искусниот шпански дефанзивец Алехандро Галвес наредната недела ќе потпише договор со српскиот првак Црвена ѕвезда. Медиумите во оваа земја пишуваат дека двете страни ги договориле условите и дека играчот на Рајо Валјекано во вторник ќе го потпише договорот.

Финансиските детали од договорот не се познати, но се знае дека Галвес во Црвена ѕвезда ќе пристигне како слободен играч.

Соиграчот на македонскиот репрезентативец Столе Димитировски, во кариерата играл за Спортинг Хихон, Еибар, Лас Палмас и Вердер од Бремен.

Scroll to Top