Top Sport

Хулиганите на Ајакс ги тепале родителите на младите играчи на Феенорд (Видео)

Натпреварот помеѓу Ајакс и Феенорд во јуниорската лига на Холандија била прекината во 35 минута. Хулиганите на Ајакс, на трибините, ги нападнале родителите на противничките фудбалери.

Хулиганите на Ајакс започнале да ги тепаат родителите на младите фудбалери на Феенорд, откако тие гласно реагирале на една пропуштена шанса за гол.

Ситуацијата се обиделе да ја смират поранешните соиграчи од репрезентацијата на Холандија, кои сега се тренери на Ајакс (Џон Хејтинга), односно Феенорд (Дирк Кајт). Хулиганите се обидел да ги задржи и директорот на Ајакс, Едвин ван дер Сар.

Челниците на Феенорд ги обвиниле колегите од Ајкас за инцидентот. Според нив организацијата била лоша, бидејќи им најавиле дека на трибините ќе бидат само родителите на младите фудбалери на Ајкас. Според нив тие со намера на трибината ги пуштиле навивачите кои се познати по своето екстремно однесување.

Мечот е прекина при резултат 0:0, што значи дека Феенорд ќе ја освоијат титулата во јуниорската лига на Холандија.

Scroll to Top