Најтрофејниот тренер во историјата на британскиот фудбал, Алекс Фергусон, ја напуштил болницата, каде беше сместен на 5.мај.
Сер Алекс, доживеа мозочен удар, а откако беше хоспитализиран, лекарите извршија итна операција. Четири дена по операцијата тој го напушти одделот за интензивна нега.
Денес тој бил пуштен на домашно лекување.
Според англиските медиуми Фергусон се надевал дека од наредната сезона повторно ќе може да ги гледа натпреварите на Манчестер јунајтед на „Олд Трафорд“.