Top Sport

Алекс Фергусон со совршен одговор за борбата за титулата во Премиерлигата

Сер Алекс Фергусон кажа искрено што мисли за трката за титулата во Премиерлигата помеѓу Манчестер сити и Арсенал, кратко одговарајќи „не сум заинтересиран“.

Арсенал има пет поени предност пред Манчестер сити на 11 кола пред крајот на шампионатот, додека Манчестер јунајтед се далеку на третото место и очигледно Ферги веќе не е заинтересиран за тоа кој ќе го крене трофејот. Фергусон присуствуваше на трките со коњи во Челтнем, каде што и неговите коњи се борат за победа, и на прашање кој повеќе би сакал да го освои трофејот, кратко одговори: „Не сум заинтересиран“.

Манчестер јунајтед немаат титула од последната 20-та под водство на Фергусон во 2012/23, додека нивните градски ривали Манчестер сити оттогаш освоија пет титули. Арсенал, пак, ја бркаат својата прва титула од 2003/04.

Scroll to Top