Алекс Сандро, ѕвездата на Јувентус, годишно заработува речиси три милиони евра, но чувствувал вина секогаш кога ќе потрошел 300 евра.
Зошто е тоа така тој открил во разговор за „Рахам Сантош“.
„Кога на 15 годишна возраст станав член на младинскиот тим на Атлетико Паранаенсе заработував 100 долри месечно. Трошев пола од тие пари, останатите ги штедев. Мојата прв голема победа беше кога заштедив 100 евра кои им ги дадов на моите родители да направат фасада на куќата“, рекол Алекс Сандро.
„Можев да купам што сакам, но во тие моменти решив да им помогнам на моите родители“, рекол 28 годишниот фудбалер и дополнил.
„Сега кога ќе излезам со семејството и кога ќе потрошам 300 или 400 евра тогаш ќе се сетам колку Бразилци се во тешка ситуација и чувствувам вина бидејќи сум потрошил толку пари за една ноќ“.