Top Sport

Сари: Игуаин пред Манџукиќ беше логичен избор

Маурицио Сари, тренерот на Јувентус, во пресрет на гостувањето на неговиот тим во Фиренца, на новинарите им објаснил зошто решил да му даде предност на Игуаин, а Манџукиќ не го пријавил за натпреварите во Лигата на шампионите.

Игуаин зад себе има лоша сезона која ја мина на позајмица во Милан и во Челси, додека Манџукиќ одигра коректно кај претходникот на Сари, Масимилијано Алерги.

„Игуаин не игра поради тоа што е мојот човек од доверба, туку поради тоа што работи добро на тренинзите. Јас само направив логичен избор“, рекол Сари и продолжил.

„Манџукиќ веројатно покажа нешто помалку од Игуаин и поради тоа направив таков избор. Нема врска со Гонзало, тој ниту во Челси не играше многу, таму повеќе го користев Жиру. Но, ова лето на тренинзите го видов оној Игуаин од пред две или три години“.

Гонзало Игуаин под водство на Сари, како играч на наполи, во сезоната 2015/2016 беше најдобар стрелец во Серија А.

Scroll to Top