Александар Чеферин е реизбран за претседател на УЕФА, соопштуваат од Европската куќа на фудалот. Словенецот доби нов четиригодишен мандат на конгресот на УЕФА во Лисабон. Тој третпат последовно победи на претседателските избори и беше единствениот кандидат за оваа функција.
„Никогаш не смееме да заборавиме колку е убав фудбалот, како ни ги разбранува емоциите, како држи стотици милиони луѓе на работ од нивните столчиња, како тој дефинира кои сме ние“, изјави Чеферин.
2️⃣0️⃣2️⃣7️⃣ UEFA President Aleksander Čeferin has been re-elected for a further four-year term at #UEFACongress in Lisbon. pic.twitter.com/zliYcPZd2H
— UEFA (@UEFA) April 5, 2023
Тој е на чело на европската фудбалска централа од септември 2016 година, откако беше сменет Мишел Платини. Неговиот втор мандат го одбележа борбата против создавањето на Суперлигата и исклучувањето на Русија од меѓународните натпреварувања поради војната во Украина.
За Чеферин овој мандат ќе биде последен, бидејќи според Статутот на УЕФА никој не смее да го води европскиот фудбал повеќе од три изборни периоди.