Селекторот на кошаркарската репрезентација на Македонија, Александар Јончевски, е нов шеф на стручниот штаб на екипата на Кожув. Јончевски денеска постигна договор со раководството на гевгелискиот клуб.
Јончевски пред неколку дена замина од Косово каде беше на кормилото на Трепча од Митровица.
„Селекторот на македонската репрезентација Александар Јончевски е повторно тренер на нашиот тим. Искусниот Јончевски веќе од утре го презема нашиот состав, а досегашниот стратег Апостолов ќе му биде асистент. На Алек му посакуваме добредојде назад во црвено-белата фамилија“, објавија од КК Кожув.
Досегашниот предводник на Кожув, Апостоли Апостолов останува во стручниот штаб како асистент на Јончевски.