Напаѓачот на Фулам, Александар Митровиќ ја прими наградата „Златна копачка“ за најдобар стрелец по второто по квалитет натпреварување во Англија – Чемпионшип.
Митровиќ сезонава постигна 26 гола и за еден погодок го премина Оли Воткинс од Брентфорд. Притоа Србинот поминал 540 минути помалку од теренот за разлика од конкурентот.
„Ова е убава награда, ова значи дека добро ја работев мојата работа годинава. Среќен сум. Сакам да им се заблагодарам на соиграчите, на стручниот штаб и на сите во клубот кои ми помогнаа да дојдам до ова. Само да ја завршиме работата до крај, да се пласираме во Премиерлигата“ – рече Митровиќ.
Последен пат фудбалер на Фулам стигна до престижната награда пред речиси 20 години кога Луис Саха со 27 погодоци му помогна на клубот од „Кревен котиџ“ да ја освои Лига 1.
Фулам сезонава стигна до плеј офот. Таму во полуфиналето противник им е екипата на Кардиф, додека другиот пар го сочинуваат Брентфорд и Свонси.