Top Sport

Марио Балотели се сели во Серија Ц?

Амбициозниот италијански третолигаш, Комо планира во текот на летото да го наговори екс-играчот на Бреша, Марио Балотели да се пресели во Серија Ц.

Комо сака во блиска иднина да заигра во елитата, е екс-репрезентативецот на Италија е прв избор за таа борба.
Поранешниот играч на Интер, Милан, Манчестер Сити и Ливерпул одреден период е на „крстопат“, а кариерата му е во големи проблеми.

Сакаше да се „закотви“ во Бреша, во градот каде што израсна, потпиша тригодишен договор, но големата љубов набрзо пукна. Следуваа инциденти, па екипата нема намера да го задржи.

Балотели ќе стане слободен играч, а контактите на преставниците на Комо со неговите агенти веќе започнале.

„Неговите агенти ја сослушаа нашата понуда. Не можам да кажам повеќе од тоа. Нашата идеја е да создаваме вредност, а не да купуваме. Останатите клубови многу трошат на плати за фудбалерите, ние не сакаме тоа да се случи“ изјавил еден од челниците на клубот.

Балотели има 30 години, во кариерата има 36 настапи за сениорската селекција на Италија, а сега размислува за Серија Ц.

Scroll to Top