Александар Вучиќ, претседателот на Србија, гостуваше на една национална телевизија и зборуваше за српскиот спорт.
Во центарот на вниманието беа најголемите српски клубови. Првиот човек на државата зборуваше за проблемите со кои се соочуваат потенцијалните идни сопственици.
„Нашиот најголем проблем е што не можете да ги приватизирате клубовите, бидејќи никој нема да инвестира пари таму каде што главниот збор го имаат навивачите и управата на клубот. Сите ние што сме нивни спонзори, тие ја рекетираат државата. Не сакаат приватни, туку државни пари. И колку повеќе давате, толку повеќе е „Вучиќ пе..р“. Здрав систем ќе биде кога ќе имаме приватни сопственици на клубови. Видете ги Чукарички, ТСЦ и Мега. Ништо не добиваат од државата“, рече српскиот претседател.