Top Sport

Александер-Арнолд не можел да гледа како Јунајтед го освојуваат Карабао купот

Трент Александер-Арнолд признава дека го гледал финалето на Карабао купот помеѓу Манчестер јунајтед и Њукасл, и дека немал проблем до крајот на мечот, кога по 2:0 победата на „ѓаволите“ требало да се додели трофејот.

„Го гледав мечот, но кога почнаа да се подготвуваат за кревање на трофејот го исклучив. Си помислив: ‘Нема шанса да го гледам тоа’. Знаејќи дека го кренаа трофејот? Да, боли, дефинитивно боли“, вели ѕвездата на Ливерпул.

Според навивачите на Јунајтед со титулата, нивна 67. во историјата тие се на трофеј пред Ливерпул како најтрофеен англиски клуб, но навивачите на Ливерпул тврдат дека Комјунити шилд и Суперкупот на УЕФА не се сметаат, со што Ливерпул имаат 45 титули, а Јунајтед 43.

За Александер-Арнолд, пак, болката е поинаква – пред една година, токму Ливерпул го крена трофејот на „Вембли“.

„Тоа покажува колку фудбалот бргу се менува. Видете ги Арсенал. На крајот на минатата сезона сите им се смееја дека нема да се в топ 4. Одеднаш, тие се фаворити. Истото е со Манчестер јунајтед. Дури и на стартот на сезоната по поразот од Брентфорд, сите мислеа дека се готови“, признава Александер-Арнолд.

Scroll to Top