Top Sport

Де Минаур го крена трофејот во Акапулко

Австралиецот Алекс де Минаур се врати од сет негатива за 3:6/6:4/6:1 победа над Американецот Томи Пол за да триумфира на Мексико опен во Акапулко, негова седма АТП титула во кариерата.

24-годишниот Де Минаур претходно се врати од сет негатива и во полуфиналето против Данецот Холгр Руне, за првпат во својата кариера да освои АТП 500 турнир.

„Чувството е фантастично. Знаев дека со напорна работа можам до резултати. Тешко е да останеш непоразен цела недела и ова ми дава голема самодоверба за турнирите во Индијан Велс и Мајами“, вели Австралиецот.

Scroll to Top