Top Sport

Александер-Арнолд: За разлика од Сити, ние ги освојуваме сите важни трофеи

Трент Александер-Арнолд вели дека Ливерпул уште се во трка за четири трофеи оваа сезона и покрај огромната предност на Манчестер сити во Премиерлигата, и во исто време ги „боцна“ англиските ривали за неуспехот да се стигне до титула од Лигата на шампионите.

Минатата година, Сити го играа своето прво големо европско финале, но загубија од Челси, додека во 2019 година, Александер-Арнолд и Ливерпул го кренаа трофејот со победата ад Тотенхем.

„Сакаме да го заддржиме притисокот колку што можеме, да победиме во тој заостанат натпревар и да дојдеме на шест поени од нив и потоа да продолжиме да победуваме. Мораме да бидеме сигурни да сме во позиција да ја искористиме секоја нивна грешка. Во лигата е поинаку отколку во куп натпреварите. Не сме разочарани што не освоивме многу трофеи, бидејќи тие кои ги имаме се најголемите. Без да ги навредам, но видете го фантастичниот тим на Манчестер сити и тие уште немаат трофеј од Лигата на шампионите. Да, имаат титули од Премиерлигата, но не и од ЛШ. Ние ги освоивме двете титули, и тоа е разликата меѓу нас“, вели Александер-Арнолд.

Scroll to Top