Top Sport

Латифи имал телохранители по заканите со смрт од фановите на Хамилтон

Возачот на Вилијамс, Канаѓаецот Николас Латифи признава дека бил загрижен за заканите со смрт кои ги добил по трката во Абу Даби и дека најмил телохранители кои го чувале него и неговата девојка.

Латифи се судри во финишот на последната Ф1 трка од минатата сезона, по што на патеката излезе безбедносното возило, кое на крајот го чинеше Луис Хамилтон титулата, дозволувајќи му на Макс Ферстапен да го претекне во последниот круг и да стане шампион. Неколку дена по трката, Латифи призна дека добивал многу „грди“ пораки преку социјалните мрежи и сега објаснува дека ги сфатил многу сериозно.

„Знам дека за некои луѓе тоа изгледа смешно, но откај знаете со кого си имате работа и колку се сериозни тие луѓе. Потребен е само еден пијан фан на аеродром или да налеташ на некој што имал лош ден. Бев во Лондон по трката и имав обезбедување со мене кога правев одредени работи. Бев излезен со мојата девојка и обезбедувањето беше тука. Јас ги сфатив заканите многу сериозно“, вели Латифи.

Тој признава дека добил порака од Луис Хамилтон неколку дена од трката и дека добил поддршка од седумкратниот шампион, но не сакаше да каже што точно разговарале.

Scroll to Top