Фудбалерката на Барселона, Алексија Путелјас, втора година по ред e добитничка на наградата „Златна топка“ во женска конкуренција. Таа е избрана повторно за најдобра светска фудбалерка во изборот на „Франс Фудбал“ откако беше подобра од Бет Мид, Сем Кер, Лена Обердорф и Аитана Бонмати.
„Ова е голема чест, вторпат по ред ја добијам оваа престижна награда. Морам да кажам дека за неа се заслужни сите мои соиграчи од Барселона, заедно со стручниот штаб“, изјави Алексија Путелјас.
The speech of Alexia Putellas, the back-to-back Women’s Ballon d’Or winner 💬#ballondor pic.twitter.com/o11kze5yoZ
— Ballon d’Or #ballondor (@francefootball) October 17, 2022