Top Sport

Алексис ќе игра против Арсенал

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез, ќе биде во составот кој во петок ќе му се спротивстави на Арсенал, во ФА купот. Чилеанецот поради повреда ги пропушти последните три натпревари на Манчестер Јунајтед.

Алексис Санчез, пред една година од Арсенал се пресели во Манчестер Јунајтед, во април во Премиерлигата играше против својот поранешен тим, но в петок прв пат ќе игра против Арсенал во Лондон.

Чилеанецот за Арсенал одиграл 166 натпревари.

„Ќе биде во тимот“, рекол менаџерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер и дополнил.

„Мислам дека ќе му помогнат навивачите доколку го дочекаат со свирежи. Тој е таков играч ќе сака да им покаже дека грешат. Беше добра на тренинзите, се надевам дека ќе ужива на теренот“.

Меначерот на „црвените ѓаволи“ во Фа купот нема да може да смета на Фелаини, Смолинг и Рохо.

„Имаме талентиран тим. Некои играчи мора да бидат на теренот, имаат квалитет. Ќе има неколку промени во однос на првиот тим“.

Дуелот во ФА купот помеѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед в петок ќе започне во 20:55 часот.

Scroll to Top