Top Sport

„Алексис ќе ти платиме, само оди си“

На „Олд Трафорд“ смислиле како да се ослободат од Алексис Санчез. Нивното решение сега треба само да го прифати Чилеанецот.

Како еден од најдобрите играчи во Премиер лигата, Алексис пред 18 месеци од Арсенал се пресели во Манчестер Јунајтед. Челниците на „црвените“ ѓаволи во замена за Чилеанецот во Лондон тогаш го испратија Хенрик Мхитаријан.

Во Манчестер, Алексис доби огромна плата, со бонусите тој неделно инкасира 500.000 фунти, а на теренот не нуди ништо.

На „Олд Трафорд“ подготвуваат реконструкција, а за да направат простор во буџетот ќе мора по секоја цена да се ослободат од договорот на Алексис Санчез.

Манчестер Јунајтед ќе му платат 13 милиони фунти на Чилеанецот само за да замине од клубот. Ова сума е половина од она што Алексис треба да го добие од клубот доколку остане до крајот на договорот.

Доколку тој ги прифати овие услови, тогаш во буџетот ќе има пари во клубот да пристигнат најмалку две големи ѕвезди.

30 годишниот фудбалер за 18 месеци одиграл 44 натпревари, а учинокот му е мизерен, пет гола и четири асистенции.

Scroll to Top