Top Sport

Алексис сака да се врати во Интер

Фудбалскиот репрезентативец на Чиле, Алексис Санчез сака да се врати во милански Интер.

Санчез (34) минатата сезона ја мина во Олимпик од Марсеј, а моментално е без клуб, бидејќи му истече договорот со францускиот клуб.

Италијанските медиуми пренесуваат дека Санчез и претставници на Интер сакаат тој да се врати на „Џузепе Меаца“. Тој играше за Интер од 2019 до 2022 година, постигна 20 гола на 109 натпревари.

Пред Интер, Санчез играше за Манчестер јунајтед, Арсенал, Барселона, Ривер Плата, Коло-Коло, Удинезе и Кобрело.

За репрезентацијата на Чиле одигра 155 натпревари и постигна 51 гол.

Scroll to Top