Top Sport

Алексис Санчез бил „исфрустриран“ во Интер

Алексис Санчез е „исфрустриран“ од позајмицата во Интер од Манчестер јунајтед, тврди чилеанскиот селектор Реиналдо Руеда.

Санчез по разочарувачките партии со „ѓаволите“, минатото лето беше пратен на едногодишна позајмица во Интер и 31-годишниот ветеран имаше само 15 настапи со еден гол и три асистенции откако повторно се повреди. Италијанските медиуми тврдат дека нема шанси „нераѕурите“ да го откупат неговиот договор ова лето.

„Ова беше трауматична година за него, вистинско мачење. Тој е исфрустриран од позајмицата во Интер. Дојде во Бразил да игра на Копа Америка, но немаше среќа и се повреди на пријателскиот меч со Колумбија. Оттогаш живее во агонија, но го познавам добро и знам дека уште има многу врвен фудбал во него, во било кој клуб кој ќе му даде шанса“, вели Руеда.

Санчез го измести левиот скочен зглоб и доби повреди на тетивите во октомври.

Scroll to Top