Top Sport

Бешикташ ќе даде 400.000 фунти да се „ослободи“ од Кариус, тој ќе замине кај „волците“

„Заборавениот“ голман на Ливерпул, Лорис Кариус ќе се врати официјално на „Енфилд“ на 30 јуни откако Бешикташ се согласи да му исплати 400.000 фунти во неисплатени плати, и тој ќе замине на нова позајмица, овојпат во Вулверхемптон, тврди британскиот „Дејли мејл“.

Германскиот голман замина во Турција летото 2018 година по катастрофалната партија при 3:1 поразот од Реал Мадрид во финалето на ЛШ, и потпиша двегодишен договор за позајмица со опција за откуп на договорот за 10 милиони фунти.

Откако Германецот побара од ФИФА да реагира за неисплатените плати од Бешикташ и да му го раскине договорот, тој наводно се договорил со турскиот клуб да му исплати 400.000 фунти и да го пушти назад во Англија, додека Вулверхемптон се подготвени да го земат на нова позајмица, иако на „Молињу“ би бил само замена за Руи Патрисио. 26-годишниот голман има договор со Ливерпул до 2022 година.

Кариус се жалел кај ФИФА, бара плати од Бешикташ и прекин на договорот

Scroll to Top