Top Sport

Алексис Санчез е повреден, неизвесен за полуфиналето со Шахтјор

Лоши вести за Интер пред полуфиналето во Лига Европа против Шахтјор Доњецк. Алексис Санчез е неизвесен за дуелот во понеделник. Чилеанецот го повреди бутниот мускул на мечот против Баер и најверојатно ќе бидат потребни десетина дена за санирање на повредата.

Најверојатно би бил подготвен за евентуално финале во ЛЕ, доколку „Нероазурите“ го совладаат украинскиот тим.

Финалето е на 21 август, во Келн.

Инаку, Санчез пред само неколку дена потпиша договор со Интер откако целата мината сезона ја помина на позајмица.

Scroll to Top