Top Sport

Битадзе: Почнав со кошарка за да се тргнам од улицата!

Грузијскиот кошаркар на Индијана Пејсерс, Гога Битадзе раскажа каков бил неговиот спортски пат додека да стигне до најсилната кошаркарска лига во светот.

Талентираниот центар краток период играше за Будуќност од Подгорица, а од почетокот на сезонава е во дресот на Индијана.

„Мојот кошаркарски пат е долг, почнав да играм на 6 години. Никогаш не помислив дека ќе бидам професионалец, само сакав да се тргнам од улицата. Во тоа време ситуацијата во државата (Грузија) не беше баш најдобра, па моето моето семејство сакаше да имам здраво детство“ рече Битадзе за НБА Европа.

Потоа неговиот спортски пат го носи во Србија, а тогаш не ни размислувал за НБА.

„Имав 15 години кога дојдов во Србија и пред тоа никогаш не сум гледал НБА, немав прилика. Во Грузија нема канал кој
пренесуваше. Оттогаш почнав да гледам, мислев дека суперхерои играат во САД. Гледав се, како живеат, што јадат. Многу работев за да дојдам до тука, поминав многу мака и навистина сум среќен што сум тука. Сништата ми се исполнија“ – вели Битадзе.

Тој сезонава одигра 52 меча и со просек од 8 минути по меч има учинок од 3 поени и 2 скока.

Scroll to Top