Top Sport

Алексис Санчез ја добива „седумката“ и 400.000 фунти неделно

Менаџерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, изјавил дека би сакал денес да заврши преодниот рок што дополнително ги вжешти медиумските шпекулации дека трансферот на Алексис Санчез е завршена работа.

Според англиските медиуми трансферот се уште не е готов бидејќи Арсенал се обидува да најде замена за Чилеанецот. Тоа сигурно нема да биде Антони Марсијал, бидејќи тој предлог го одбил Јунајтед.

Од „Олд Трафорд“ го нудат Хенрик Мхитаријан, на кого оваа варијанта не му се допаѓа. Доколку мора да замине од клубот, Ерменецот го преферира Дортмунд, каде ќе мора да се согласи и на намалување на платата.

Арсенал изгледа се обидува да го донесе и Пјер-Емерик Обамејанг кој повторно е незадоволен во Дортмунд.

Во секој случај, прашање на денот е кога Алексис Санчез ќе потпише за Манчестер јунајтед и ќе стане најплатениот играч во историјата на Премиер лигата.

Чилеанецот на „Олд Трафорд“ неделно ќе заработува 400.000 фунти, што е за 60.000 фунти од сумата која му ја понуди Манчестер Сити.

Исто така Алексис ќе го добие својот омилен број, кој на „Олд Трафорд“ има посбно значење бидејќи низ историјата „седумката“ ја носеле најголемите ѕвезди од Бест, Робсон, преку Кантона и Бекам.

Scroll to Top