Top Sport

Словенците се заканија дека ќе си одат од ЕП

Ракометниот сојуз на Словенија најави дека ќе го напушти Европското првенство, откако ЕХФ ја одби жалбата на контроверзната одлука на судиите на натпреварот со Германија, по која актуелните шампиони добија седмерец со кој го избегнаа поразот 25:25.

Словенците на седум секунди до крајот на мечот постигнаа гол преку Јанц за 25:24. Гол за победа, но тогаш во приказната се вклучија литванските судии и реи да ја прегледаат видео снимката.

Десет минути ја гледаа снимката и решија да му покажат црвен картон на Благотиншек, а Германија да добие удар од седум метри. Рајхман беше прецизен и ги постави конечните 25.25.

Причината за ваквиот епилог е следна. Откако Јанц го постигна „победничкиот“ гол Германците тргнаа кон центарот за да се обидат да шутираат. Еден Германец се обиде да шутне но Благотиншек го изблокира.

Овој потег е дозволен во ракометот, но само доколку играчот кој блокира е најмалку три метри оддалечен од противникот.

„Доколу во последните 30 секунди од натпреварот, додека топката не е во игра, играч одолговлекува или го спречува противникот да ја изведе топката или да шутира кон голот, судијата мора да го дсквалификува и да досуди седмерец за противничкиот тим“, пишува во новите правила на ЕХФ, кои во сила стапија во 2015 година.

Словенија в среда треба да игра со Црна Гора, во третото коло и со освоен бод ќе се пласира во наредната рунда. Меѓутоа Словенците, во овој момент, не ги интересира мечот со Црна Гора, бидејќи националниот Сојуз размислува за бојкот на првенството, бидејќи поплаки на судењето имаа и по првото коло и поразот од Македонија (24:25).

„Одиме до крај. Размислуваме да поднесеме граѓанска тужба против ЕХФ до судот за спортска арбитража. Во секој случај ние не ја прифаќаме одлуката на ЕХФ“, рекол генералниот секретар на Сојузот Горан Цвијиќ.

Словенија има рок да поднесе нова жалба до утре во 20 часот, односно половина час пред почетокот на дуелот со Црна Гора. Директорот на репрезентацијата, Урош Мохорич, најави дека жалбата ќе биде поднесена.

Медумите во Словенија наведуваат дека претседателот Фрањо Бобинц конечната одлука дали репрезентацијата ќе го напушти првенството или не ќе ја донесе најдоцна во среда.

Scroll to Top