Top Sport

Алексис Санчез „молел“ за враќање во Арсенал, Артета го одбил

Чилеанскиот ветеран Алексис Санчез му се јавил на менаџерот на Арсенал, Микел Артета со барање да се врати кај „топчиите“ како слободен играч, но шпанскиот тренер ја одбил оваа понуда, тврди чилеанскиот весник „Ла терсера“.

Договорот на 34-годишниот Санчез со Олимпик Марсеј завршува на 30 јуни, по што тој ќе стане слободен играч, и имал голема желба да се врати во клубот каде што четири години од 2014 до 2018 го имаше најдобриот период во кариерата. Санчез имаше 80 гола во 166 настапи за Арсенал, пред да замине во Манчестер јунајтед во „трампа“ за Хенрик Мхитарјан.

На „Олд Трафорд“ тој не се снајде и по две сезони беше пратен во Интер, за минатата сезона да премине во Марсеј. И покрај тоа што е слободен играч, Артета му порачал на својот поранешен соиграч дека за него нема место во концепцијата на „топчиите“.

Scroll to Top