Top Sport

Тијафоу спаси меч-топка за титула во Штутгарт и влез во топ 10

Американската тениска ѕвезда, Френис Тијафоу не му дозволи на германскиот ветеран Јан-Ленард Штруф да ја освои својата прва АТП титула на 33 години, спасувајќи меч-топка за 4:6/7:6(1)/7:6(8) победа на Штутгарт опен, подготвителниот турнир за Вимблдон. Штруф имаше меч-топка на 7:6 во тај-брејкот во третиот сет, но Тијафоу освои поен на свој сервис, по што ја освои титулата.

„Ова ми е трета титула, но прва на трева и уште не ми се верува дека победив. Сега влегувам во топ 10 и тоа е нешто посебно за тенисер како мене“, вели Тијафоу.

На Хертогенбош опен во Холандија пак, славеше домашниот тенисер, Талон Грикспор, победувајќи го Австралиецот Џордан Томпсон со
6:7(4)/7:6(3). Во женското финале, Екатерина Александрова во руското финале ја совлада првата носителка, Вероника Кудерметова со 4:6/6:4/7:6(3).

Scroll to Top