Top Sport

Алексис Санчез постигна гол и доби црвен картон (Видео)

Алексис Санчез вечерва прв пат се најде во стартната постава на Интер, го постигна деби голот во дресот на новиот тим и успеа да заработи исклучување.

Чилеанецот летово го напушти Манчестер Јунајтед со надеж дека ќе ја врати кариерата на вистинскиот пат.

Против Сампдорија постигна гол во 22 минута за кој му асистираше Сенси, потоа доби жолт картон во 43 минута, а само што започна вториот дел во 46 минута поради симулирање го доби вториот жолт картон и го заврши натпреварот.

Голот на Санчез погледнете го ОВДЕ, а вториот жолт картон погледнете го ОВДЕ.

Scroll to Top