Top Sport

Нејмар повторно им донесе победа на ПСЖ (Видео)

Актуелните шампиони на Франција, фудбалерите на Пари Сен Жермен, освоија три бода на тешкото гостување во Бордо. „Светците“ забележаа минимална победа 1-0.

Човек на одлука беше Нејмар кој во 70 минута, на асистенција на Мбапе, постигна брилијантен гол.

Откако се врати во тимот, Нејмар со своите голови на ПСЖ им донесе победа на три од четирите натпревари на кои играше.

ПСЖ имаат 18 бода, два повеќе од Нант, додека Бордо се петти со 12 бода.

Scroll to Top