Top Sport

Алексис Санчез пред трансфер во Интер

Интер и Манчестер Јунајтед се договориле за Алексис Санчез. Чилеанецот веќе се договорил со Интер сезоната да ја мине како позајмен играч. Манчестер Јунајтед ќе заработат 15 милиони евра.

Она што ја кочи работата за позајмицата да биде официјализирана е платата на Санчез. Чилеанецот во Манчестер Јунајтед неделно заработува 500.000 евра. Постои опција Јунајтед да плаќа еден дел, но во Интер биле убедени дека можат да најдат друго решение и да ја финализираат целата работа.

Чилеанецот неодамна започна да тренира откако се повреди на Копа Америка.

Scroll to Top