Top Sport

Алексис Санчез се враќа во Серија А?

Алексис Санчез и неговата плата се голем товар за Манчестер Јунајтед. Клубот сака да го продаде Чилеанецот, но не постои клуб што сака да ги исполни неговите финансиски барања. Санчез на „Олд Трафорд“ има неделна плата од 500.000 фунти.

Манчестер Јунајтед и директорот Ед Вудворт се подготвени да влечат очајнички потези само за да се ослободат од Алексис Санчез.

Најјновите шпекулации говорат дека тој би можел да заврши во Интер. Чилеанецот би заминал на едногодишна позајмица во Интер, а дури потоа италијанскиот клуб би требало да го откупи неговиот договор.

Доколку ова се случи, тогаш Интер и Манчестер Јунајтед заеднички б ја покривале платата на Санчез.

Доколку трансферот се реализира тоа значи дека напаѓачот повторно би заиграл во Серија А. Во периодот од 2008 до 2011 година тој го носеше дресот на Удинезе, каде и го привлече вниманието на најголемите клубови.

Од Удинезе тој се пресели во Барселона, па преку Арсенал стигна во Манчестер Јунајтед.

Scroll to Top