Top Sport

Парондо за „Мундо Депортиво“: Шест, седум, осум месеци не сме виделе пари

Вардар уште една сезона е хит во ракометна Европа. Тимот кој сите го отпишаа пред почетокот на сезоната, надмоќно избори пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Архитектот на успехот Роберто Гарсија Парондо, на две недели пре почетокот на завршниот турнир во Келн, за „Мундо Депортиво“ проговорил за актуелната ситуација во клубот.

„Подолго време никој не земал плата, за тоа да се случи ќе биде потребно време, иако претседателот рече дека ќе ги добиеме платите. Сите сме во слична ситуација, ни должи шест, седум, осум плати. Никој не ја сака оваа ситуација, поради тоа ние се фокусираме на нашата работа. Да се биде меѓу најдобрите четири е сон за секого. Кога тука ќе ги додадете сите проблеми што ги имавме, ова е нагрдата што ја заслуживме“, рекол Парондо и дополнил.

„Пред неколку дена се појави можност клубот да биде спасен. Поранешниот претседател се обидува да добие поддршка од владата и да најде спонзори, но се уште ништо не се знае, се работи само за ветувања. Иднината на Вардар на ова ниво е многу компликувана. Иако луѓето сакаат, но со буџетот за кој зборуваат нема да може да се продолжи на највисоко ниво. Не смее да се дозволи Македонија, градот и навивачите да останат без ваков клуб“.

Инаку, Шпанецот ја потенцирал макотрпната работа и играта во одбраната како клуч за сите успеси сезонава.

„Моравме одбраната да ја изградиме од нула и да ги прилагодиме играчите на новите позиции“, рекол Парондо.

Вардар на завршниот турнир во Келн, во полу-финалето ќе игра против Барселона.

Scroll to Top