Top Sport

Алексис Санчез заработил 20.000 фунти од отказот на Мурињо

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Алексис Санчез, успеал да заработи од отказот на Жозе Мурињо. Чилеанецот кој не успеа да се избори за место во тимот кај Мурињо, имал облог со соиграчот Маркос Рохо.

Санчез, во јануари, оваа година од Арсенал пристигна на „Олд Трафорд“, но кај Мурињо не прикажа ништо од она што го красеше додека играче во Лондон. „Црвените ѓаволи“ за неговите услуги платија 34 милиони фунти и во Арсенал го испратија Хенрик Мхитаријан.

Според „Сан“, Чилеанецот ставил 20.000 фунти и се обложил со Маркос Рохо дека Мурињо ќе добие отказ.

„Сан“ дошле до пораката што Санчез на својот соиграч му ја испратил кога клубот соопштил дека Мурињо добил отказ.

„Ти кажав. Требаше само малку трпение. Рохо ми должиш 20.000 фунти“, напишал Алексис Санчез.

Чилеанецот се наоѓа во татковината каде што се рехабилитира од повредата, а според прогнозите наредниот месец треба да се врати во тимот на Манчестер Јунајтед.

Scroll to Top