Top Sport

На крајот од сезоната Рибери ќе го напушти Баерн

Поранешниот репрезентативец на Франција, Франк Рибери, по завршувањето на сезоната ќе замине од Баерн, потврдил генералниот менаџер на клубот од Минхен, Ули Хенес.

Рибери во Минхен пристигнал во 2007 година од Олимпик Марсеј. За 12 години со Баерн успеал да освои 21 трофеј, вклучувајќи го и оној што е наменет за победникот во Лигата на шампионите.

Францускиот ас иако има 36 години нема намера да стави крај на кариерата. Тој добил понуда од Галатасарај, чии дрес го носел во минатото, а за него биле заинтересирани неколку екипи од Кина и од САД, како и од Ал Итихад.

Scroll to Top