Top Sport

Алфонсо Дејвис им се врати на тренинзите

Фудбалерот на Баерн Минхен, Алфонсо Дејвис, во понеделникот тренираше со соиграчите. Дејвис поради миокардритис (полесно воспаление на срцевиот мускул), паузираше два месеци.

Талентираниот Канаѓанец, викендов добил дозвола од лекарите да им се врати на професионалните обврски.

Германските медиуми пишуваат дека лекарите, не можат да објаснат од што били предизвикани срцевите проблеми, претпоставувале дека воспалението било предизвикано од коронавирусот.

21-годишниот фудбалер, во 2018 година од Ванкувер се пресели во Минхен. Оваа сезона има одиграно 16 натпревари за Баерн.

Scroll to Top