Барселона сезоната во Ла Лига ја заврши со победата во Еибар. Голот за победа на „Ипуруа“ го постигна Атноан Гризман.
Барселона сезоната ја заврши на третото место и со освен трофеј во Купот на Шпанија. По мечот тренерот на Роналд Куман „удри“ по своите играчи.
„Оваа екипа не е на нивото кое е потребно за Барселона. Тоа е јасно. Тоа сите во клубот го знаат. На овој тим му се потребни засилувања“, рекол Куман.
„Сезонава не беше најдобра, но не беше ниту лоша. Не можеше да се очекува дупла круна од клуб кој се наоѓа во транзиција“, рекол Куман, а потоа им ја честиташе титулата на фудбалерите на Атлетико.
„Им честитам на одличната сезона. Најдолго беа на врвот, имаа одлична сезона“.