Top Sport

Мидлтон во последната секунда им пресуди на Мајами

Со дуелот помеѓу Милвоки и Мајами започна плеј-оф сезоната во НБА лигата. Милвоки, во спекталуларен меч, славеа по едно продолжение со 109:107.

Милвоки успеаја да го одбранат домашниот терен во првиот меч, благодарение на Крис Мидлтон, кој од тешка позиција погоди за 109:107, на нецела секунда до крајот на продолжението.

Во регуларниот дел продолжение на Мајами му обезбеди Џими Батлер кој поентираше со звукот на сирената за 99:99.

Милвоки го предводеа Јанис Адетокумбо со 26 поени, 18 скокови и пет асистенции, Крис Мидлтон забележа 27, Џру Холидеј имаше 20 поени, 11 скокови.

Ветеранот Горан Драгиќ со 25 и Данкан Робинсон со 24 поени беа најдобрите играчи на Мајами. Батлер постигна 17 поени, но имаше мизерен шут од поле од само 18 отсто.

Scroll to Top