Top Sport

Алиоски доаѓа во Трабзонспор на едногодишна позајмица

Македонскиот репрезенатативец Езгјан Алиоски ќе потпише едногодишен договор со турскиот шампион Трабзонспор и ќе дојде во клубот како позајмен играч од Ал-Ахли. Тој има уште една година од актуелниот договор со Ал – Ахли иако имаше најави и за негово раскинување со оглед дека клубот испадна од елитата на Саудиска Арабија.

Сепак, и доколку тоа не се случи, веројатно дека ќе биде склучен договор меѓу двата клуба за едногодишна позајмица на Алиоски во Трабзонспор.
Македонецот ќе заработува два милиони евра во турскиот првак, плус дополнителни бонуси за успеси, со кои заработката би можела да се искачи и до три милиони евра за претстојната сезона.

Според турските медиуми, се е договорено, а Алиоски треба да стави потпис на едногодишен договор со Трабзон.

Scroll to Top