Езѓан Алиоски одигра 90 минути, а Фенербахче стигна до убедлива 4:1 победа над Австрија Виена за да го потврди пласманот во групната фаза на Лига Европа.
По првиот меч, во кој на гости славеа со 2:0, Фенер не дозволија изненадување и поведоа со 2:0 во првото полувреме со головите на Јуксек и Кавечи, пред Мартинс да намали на 2:1. Кавечи со својот втор гол и Јандаш ја потврдија победата на турскиот гигант.
Во групната фаза ќе игра и уште еден македонски репрезентативец, Ердал Ракип, откако неговите Малме со 2:0 славеа на гостувањето кај Сиваспор во Турција. И тој одигра 90 минути.
ЛИГА ЕВРОПА, БАРАЖ, РЕВАНШ
АЕК Ларнака (Кип) – Днипро-1 (Укр) 3:0, прв меч 2:1, вкупно 5:1
Жалгирис (Лит) – Лудогорец (Буг) 3:2, 3:3 по продолженија, прв меч 0:1, вкупно 3:4
Силкеборг (Дан) – ХЈК Хелсинки (Фин) 1:1, прв меч 0:1, вкупно 1:2
Фенербахче (Тур) – Австрија Виена (Авт) 4:1, прв меч 2:0, вкупно 6:1
Омонија (Кип) – Гент (Бел) 2:0 прв меч 2:0, вкупно 4:0
Шериф Тираспол (Мол) – Пјуник (Ерм) прв меч 0:0, 3:2 пен., 0:0, вкупно 0:0
Сиваспор (Тур) – Малме (Шве) 0:2, прв меч 1:3, вкупно 1:5
Хартс (Шко) – Цирих (Шва) 0:1, прв меч 1:2, вкупно 1:3
Олимпијакос (Грц) – Аполон (Кип) 1:1, 3:1 пен. прв меч 1:1, вкупно 2:2
Шамрок роверс (Ирс) – Ференцварош (Унг) 10, прв меч 0:4, вкупно 1:4