Top Sport

Алиоски играј фудбал, немој да глумиш (Видео)

Езгијан Алиоски ги покажа своите лоши актерски способности, синоќа, на натпреварот од 19.коло во Чемпионсшип дивизијата, против Ридинг (1:0).

На истекот на првото полувреме, Алиски се обиде да изнуди пенал за Лидс, но неговата глума беше толку лоша што само го навлече гневот на навивачите, на социјалните мрежи.

Поради обидот да изнуди пенал, Алиоски од судијата беше „награден“ со жолт картон, а од својот тренер со Марсело Билеса, со измена на полувремето.

https://twitter.com/LUFC_Goals/status/1067519510507216896

Македонскиот репрезентативец не се појави на теренот во второто полувреме, на неговото место играше Кларк.

Лидс победи со голот на Далас во 60.минута и остана на второто место на табелата со 36 бода, еден помалку од лидерот Норич.

Scroll to Top