Top Sport

Милан покажувале интерес за Павков

Фудбалскиот клуб Милан сериозно се интересирал за напаѓачот на Црвена ѕвезда, Милан Павков. Овие шпекулации, за италијанското радио „Марте“, ги потврдил менаџерот на фудбалерот, Сергеј Миќовиќ.

„Постои интерес од страна на Милан, но засега нема ништо конкретно. Секако дека Павков би сакал да игра во еден европски великан каков што е Милан“, рекол Миќовиќ.

Црвена ѕвезда, вечерва од 21 часот, гостува кај Наполи. Павков е со тимот во Неапол, но поради повреда веројатно нема да може да игра.

Менаџерот Миќовиќ изјавил дека Павков можеби ќе настапи во второто полувреме.

Scroll to Top