Top Sport

Алиоски „изнуди“ црвен за Пепе, но Лидс не ги „скршија“ Арсенал

Лидс јунајтед и Арсенал одиграа реми без голови на „Еланд роуд“ во битка на два клуба кои се на средината на табелата во Премиер лигата, во меч кој беше одбележан од црвениот картон на Никола Пепе за ударот со глава над македонскиот репрезентативец, Езѓан Алиоски.

Двата тима имаа по неколку убави шанси, а клучниот момент се случи во 52. минута, кога Пепе реагираше неспортски и го удри Алиоски со главата, а овој театрално падна на тревата. До крајот на мечот, Лидс не ја искористија предноста на играч повеќе и мечот заврши 0:0.

Со поенот, Арсенал се на 11. место со 13 поени, додека Лидс се 14. со 11 поени.

Scroll to Top