Top Sport

Алиоски: Македонија сака победи на тестовите со Финска и со Азербејџан

Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за пријателските натпревари против Финска и против Азербејџан. Иако се работи за тестови, Езгјан Алиоски најавува дека националниот тим цели кон победи и на двата меча.

„Натпреварите се пријателски, но ќе се обидеме да ги добиеме. Треба да веруваме во себе и да одиграме на високо ниво. Почит за фудбалерите кои дојдоа да ги одиграат овие два натпревари, затоа што не е лесно после голем број клупски мечеви да се остане на топ ниво“, изјави Алиоски.

 

Scroll to Top