Top Sport

Алиоски МВП на петтото квалификациско коло

Македонија вчера значително си ги намали шансите за пласман на Светското првенство во Катар. Македонските фудбалери, во Рејкјавик, испуштија предност од два гола, на крајот мечот заврши 2:2.

Македонија во првото полувреме дојде до водство со голот на Велковски. Асистент кај голот беше Алиоски, кој во второто полувреме го постигна вториот гол за Македонија.

Учинокот од гол и асистенција беше доволен Алиоски да биде избран за најдобар фудбалер во петтото квалификациско коло.

Зад Алиоски останаа голманот на Швајцарија, Јан Зомер, кој му одбрани пенал на Жоргињо и Украинецот Микола Шарапенко, кој постигна спектакуларен гол против Фрација.

Фото/ffm.mk

Scroll to Top