Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски постигна гол во 16 коло во Чемпионшип, но Лидс загуби на гостувањето кај Брентфорд 3:1.
Алиоски постигна убав гол во 67 минута, кога успеа да го израмни резултатот на 1:1. Претходно Брентфорд водеше од 23 минута со голот на Мупај, а во 44 минута Воткинс промаши пенал за домаќинот.
Македонскиот репрезентативец играше до 80 минута кога на беше заменет, на неговото место влезе Грот.
До крајот на натпреварот Лидс прими два гола, преку Барбет во 85 и Вудс во 94 минта од натпреварот.
Лидс по 16 натпревари во Чемпионшип има 23 бода и се наоѓа на 10 место на табелата.