Празничниот фудбал не е ништо ново во Англија, но мечот од 25. коло од англискиот Чемпионшип помеѓу Бирмингем и Лидс ги помести границите на забавата, откако гостите успеаја да стигнат до 5:4 победа.
Лидс стигна до 2:0 предност по само 20 минути игра, но набргу потоа Бирмингем намали на 1:2, резултат со кој се отиде на полувреме. Домаќините израмнија во 61. минута, за во 69. минута по асистенција на македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоки, Ејлинг да го врати водството на тимот на Марсело Биелса.
Последните десетина минути беа вистинска „лудница“ – Бирмингем во 83. минута израмнува на 3:3, а минута подоцна, Далас ги враќа Лидс во водство. Јуткевич со вториот гол повторно израмнува на 4:4 во 91. минута, пред Хардинг со автогол да стави точка на натпреварот во 95. минута.
Лидс останува лидер во англиската втора лига со 51 поен, додека Бирмингем се само 17.