Top Sport

Алиоски со гол и асистенција, Лидс „гази“ со Биелса (видео)

Македонскиот репрезентативец, Езѓан Алиоски го постигна последниот гол и асистираше на уште еден за неговите Лидс јунајтед да стигнат до импресивна 4:1 победа на гостувањето кај Дерби Каунти, тим кој како Лидс претендира за пласман во Премиер лигата.

Лидс оваа година е еден од фаворитите за влез во ПЛ, најмногу благодарение на новиот тренер, Марсело Биелса, и по 3:1 победата над Стоук во првото коло дојде уште една импресивна победа над Дерби, каде што нов менаџер е легендата на Челси, Френк Лампард, за максимален учинок.

Алиоски прво му асистираше на Кевин Руф за вториот гол на Лидс за 2:1 водство, по што во 64. минута самиот се запиша во листата на стрелците со ефективен гол со глава.

Scroll to Top